16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку децении и се потребни на Грција да излезе од кризата?

Колку децении и се потребни на Грција да излезе од кризата?

Грчката економија треба да расте со 3,3% годишно во наредните 10 години, за да се врати на нивото од пред кризата, покажува извештајот на „Eurobank“, цитиран од „Ana Mpa“. Кај умерен раст од 2% годишно излегувањето од кризата ќе потрае 20 години, а при раст од 1,5% годишно – дури и 30 години.

Анализите на експертите покажуваат дека кумулативниот ефект од кризата се изразува со намалувањето на бруто домашниот производ на Грција во износ од 26,4% во периодот 2007 – 2015-та година.

Во 2016-та година економијата на нашиот јужен сосед забележа нулта раст, а прогнозите се за позитивни промени во 2017-та година, и покрај разочарувачкото прво тримесечје.

Во извештајот, сепак, е запишано уште дека кризата може да биде разгледана и како можност. За последните 10 години всушност Грција успеала да ги избрише дисбалансите во управувањето на економијата и сега има можност да се насочи кон многу поотпорен развоен модел базиран на инвестиции.

Грција влезе во спиралата на спасувачките програми и трупа долгови во 2011-та година. Обврските на земјата кон доверителите веќе доближуваат до 180% од БДП-то, што тежи во обновата на економијата. Ова е една од причините Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да побара мерки за олеснување на долговите, вклучувајќи и простување на дел од нив, за да ги направи отпорни на управување.

Но токму овие олеснувања се во основата на несогласувањата меѓу кредиторите на Грција и земјата не може да постигне договор за ревизија на извршените реформи за влез во третата спасувачка програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП