22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште еден европски производител стана кинески

Уште еден европски производител стана кинески

Кинескиот автомобилски концерн „Geely“ ќе се здобие со контролниот пакет акции на производителот на спортски автомобили „Lotus“. Сите детали од договорот се договорени, а се очекува договорот да биде потпишан до крајот на јули.

Концернот „Geely“ ќе купи 49,9% од акциите на производителот на автомобили од Малезија – „Proton“, на тој начин ќе стане сопственик и на 51% од британската компанија „Lotus“, која уште од 1996-та година е под контрола на „Proton“.

Засега финансискиот дел од договорот останува тајна. За „Geely“ ова ќе биде второ европско засилување, откако во 2010-та година кинескиот концерн целосно го откупи шведскиот производител „Volvo“.

„Proton Edar Sdr Holding“ е најголемиот автопроизводител во Малезија, а по своето основање започнува да составува и продава модели на „Mitsubishi“. Подоцна нуди и сопствена палета автомобили, а во 1996-та година го купи контролниот пакет на британската „Lotus Cars“. Во јуни 2010-та година „Proton“ го купи и тимот „Renault F1 Team“.

Гласините за новата продажба на компанијата од Малезија се појавија уште пред неколку месеци, а се очекуваше таа да помине под контрола на француската алијанса „PSA Peugeot-Citroen“ или во компанијата „Renault“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП