21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz подготвува достапен електричен модел

Mercedes-Benz подготвува достапен електричен модел

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ ќе ја пополни гамата со достапен електричен хечбек, кој ќе се појави на пазарот до крајот на деценијата. Цената на автомобилот нема да надминува 40.000 евра.

Електромобилот ќе го добие името „EQ A“ (по аналогија со „A-Class“), а концептуалната верзија ќе биде претставена за време на автосаемот во Франкфурт, оваа есен. Ова ќе биде и најевтиниот модел на струја на компанијата (без да се бројат електричните „Smart ED“).

Со пуштањето на сличен автомобил во „Mercedes-Benz“ сакаат да се натпреваруваат со идниот „BMW i3“, со се уште не излезениот „Volkswagen ID“, како и со „Tesla Model 3“, чие производство започна во јули. Машината ќе биде изградена на платформата „Mercedes-Benz MEA“ (modular electric architecture), која ќе е во основата на електричните возила на компанија.

Новиот хечбек ќе добие само еден електромотор, а ќе биде со погон на предната оска. Интересно е дека во „Mercedes“ размислуваат и за верзија „AMG“, која ќе има и втор електричен мотор – на задната оска, и така ќе се добие автомобил со погон на сите четири тркала.

И покрај целосната слобода која ја добиле констукторите на брендот, идниот електромобил ќе се придржува кон класичните пропорции на хечбек со 5 врати, а во голема мера ќе го повторува дизајнот на новата „A-Class“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП