24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung создава фонд за поддршка на малите добавувачи

Samsung создава фонд за поддршка на малите добавувачи

Јужнокорејската технолошка компанија „Samsung Electronics“ ќе создаде фонд во вредност од 500 милијарди вона (445 милиони долари), за да им помага на мали добавувачи. Сето ова ги покажува првите чекори кои компанијата ги прави, во позадината на повиците на претседателот на земјата Мун Џе Ин во заштита на мал бизнис, пренесува „Ројтерс“.

Мун кој беше инаугуриран овој месец, ветувајќи дека ќе ги заузда семејните конгломерати, кои доминираат во четвртата по големина економија во Азија.

Нарекувајќи се себе си „претседател на работните места“, тој исто така коментира дека сака да ги втурне во позадина привремените работи на договор, да ја зголеми минималната плата и да ги намали работните часови.

„Samsung Electronics“ најави дека Фондот ќе им овозможува на нејзините добавувачи да заземаат средства без камата за една година, па поддоставувачите да можат да ги добиваат парите веднаш. Фондот ќе работи до мај 2020-та година.

Технолошкиот гигант одлучил да го создаде фондот по состаноците со добавувачите на крајот на минатата година, објавија од „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП