13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi направи трет модел на метан

Audi направи трет модел на метан

Во текот на летото компанијата „Audi“ започнува со продажба на нова модификација на хечбекот „A5 Sportback“. Таа е опремена со мотор кој освен на бензин, може да работи и на метан.

Ова е трет ваков модел на компанијата од Инголшад по верзиите на метан на „A3 Sportback“ и „A4 Avant“. Ексклузивниот „Audi A5 Sportback“ беше прикажан за прв пат за време на годишниот фестивал на симпатизерите на „Volkswagen“ во „Веортерзее“ (АБ).

Метанскиот „Audi A5 Sportback G-Tron“ е опремен со 2,0-литарски мотор, кој развива 170 КС и 270 Нм. Моторот работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач „S-tronic“, но ќе има и верзија со мануелен менувач.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 8,5 секунди, а максималната брзина на хечбекот е 226 км/ч. Само на метан возилото поминува околу 500 километри, а кога гасот остане под 0,6 кг. електрониката автоматски го префрла моторот на бензин. Така може да се помине уште 450 км. Тоа значи дека со едно полнење на метан и бензин „Audi A5 Sportback G-Tron“ има километража од околу 950 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП