23 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМрачни предвидувања на Стивен Хокинг за иднината на Земјата

Мрачни предвидувања на Стивен Хокинг за иднината на Земјата

Познатиот физичар Стивен Хокинг објави лоши предвидувања за состојбата на нашата планета.

Во документарецот “Expedition New Earth” кој ќе би требало да се објави на “BBC”, Хокинг предвидува дека планетата Земја ќе трае уште 100 години. Со други зборови, светот каков што го знаеме денес, веќе нема да постои.

Новиот документарен филм раскажува за можностите за живот на Марс. Дури и повеќе од тоа- се зборува за населувањена Марс и порано. Тој смета дека е поитно од кога и да е, да се разгледа опцијата за населување на Марс(како што тој ја нарекува “Планета Б”).

Угледниот физичар е многу сериозен во врска со неговите тврдења, така што тој мисли дека човечката раса мора да насели нова планета во наредните сто години за да преживее.

И сето тоа поради климатските промени, честите удари на астероиди, епидемија и пораст на населението направија нашата планета да не е повеќе сигурна.

Понатаму, Хокинг верува дека развојот на вештачката интелигенција значајно ќе допринесе за исчезнување на Земјата и човечката раса.

Тој смета дека луѓето не можат да се натпреваруваат со технологијата и дека ќе бидат “истуркани” од планетата.

Дали е Хокинг во право или не, ова само го скренува вниманието на тоа колку е важно да се грижиме за нашата планета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП