26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦРНОГОРСКИ БЕЗОБРАЗЛУК: Таксиметрите дивеат навечер, ќе те одерат за шишање, плажата поскапа...

ЦРНОГОРСКИ БЕЗОБРАЗЛУК: Таксиметрите дивеат навечер, ќе те одерат за шишање, плажата поскапа од сместувањето

Будва веќе со години ја пратат приказни за “жешките” цени.

Додека туристите имаат  избор према својот џеб, сезонските работници се наоѓаат во небрано.

Иако за сезонските работници сместувањето и храната се обезбедени, постојат трошоци кои можат драстично да ја намалат заработката во Будва.

Шишање во фризерски салон чини 10 евра, а некаде достигнува дури и до 20. Звучи нереално бидејки кај нас потстрижување во поголемиот дел од дуќаните цената е 200 денари.

Шише газиран сок чини 1,7 евра, додека хамбургер или парче пица чини 2 евра. Но, ако ви затреба такси, тоа е веќе авантура. Особено ноќно време, цените полудуваат. Ако примети дека сте турист, секој возач ќе се обиде да ве “одере”.

Како да не ве “одерат” во Будва

-Баровите и рестораните во стариот град се прескапи, ако можете избегнете ги

-пијачки купувајте од маркет, не од плажа

-во такси влезете само ако морате, особено внимавајте навечер

Плажата поскапа од сместувањето

Да уживате на плажа во текот на денот Ви требаат од 10 до 15 евра, колку што чини скромно приватно сместување. На некои плажи се продаваат и “задолжителни” сетови од две лежалки, чадор за сонце, овошје и вода и тоа чини 70 евра. Но, тоа секако е избор на туристите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП