29 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВтора шанса за Galaxy Note 7?

Втора шанса за Galaxy Note 7?

Корисниците се подготвени да дадат втора шанса на „Galaxy Note 7“. Тоа го покажува анкетата спроведена меѓу читателите на „phonearena“.

Повеќе од половина испитаници изјавиле дека планираат да се стекнат со „обновена“ верзија на фаблетот под услов производителот да им гарантира безбедност на вградената батерија и им понуди соодветна цена.

Под соодветна цена за смартфонот повеќето анкетирани сметаат за 50% од трговската цена на оригиналот.

Да платат за минатогодишниот уред над 450 долари корисниците не се подготвени.

Во спротивен случај, тврдат тие, нема смисла да купат саниран телефон. Веќе на пазарот се нудат каде-каде поинтересни модели.

Друг дел од испитаниците се уште се помалку лојални. Сите тие до еден велат дека немаат намера да го купат „Galaxy Note 7“. Тие се категорични дека се подготвени да платат повеќе, но со цел да го добијат актуелниот уред, базиран на најновиот процесор.

Интересно е дека ниту еден од испитаници не споменува дека се плаши за својот живот.

Можете ли Вие да му дадете втора шанса на фаблетот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП