Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја освоија титулата во Лига Европа. Во финалето на „Стадионот на Пријателството“ во предградието на Стокхолм, Солна, тие го совладаа Ајакс со 2:0 (1:0). Јунајтед е еден од тимовите кои на 8.август, во Скопје, ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Вториот ќе биде Реал или Јувентус.
Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, најмногу му се израдува на овој трофеј, за кој во минатото говореше со потсмев, бидејќи му ја спаси сезоната и на „црвените ѓаволи“ им овозможи повторно да играат во Лигата на шампионите.
Португалецот го задржа максималниот ефект во финалните натпревари и го освои својот четврти европски трофеј. Тој е едниствениот во Европа со по две титули во Лигата нашампионите и Лига Европа.
Манчестер Јунајтед го освои шестиот трофеј во европските купови и влезе во друштво на Ајакс, Баерн, Челзи и Јувентус, како тим кој има барем еден пехар во натпреварувањата на УЕФА.
Тимот на Мурињо, нешто поагресивно влезе во натпреварот, а резултатот го отвори во 18.минута, кога по ударот на Погба топката го закачи Санчез и заврши зад грбот на Онана.
По постигнатиот гол играчите на Јунајтед се повлекоа на својата половина, му оставија на противникот да игра со топката, но тие беа тимот кој имаше контрола врз играта. Млaдите фудбалери на Ајакс немаа решение како да ја пробијат последната линија на Јунајтед.
Конечниот резултат го постави Мхитаријан во 47.минута. Ерменецот, кој брилијантно се снајде во петтерецот на Онана и со поло ножички ја затресе мрежата.