3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung ја дополнува гамата на Galaxy S4

Samsung ја дополнува гамата на Galaxy S4

20130509.khsmhqhefm

Следните неколку месеци се очекува да бидат исклучително динамични за „Samsung“ на пазарот на паметни телефони, затоа што компанијата ќе започне продажба на серија нови модели. Последните информации откриваат дека двата уреди од брендот „Galaxy Mega“ чии екрани се од 5.8 и 6.3 инчи, ќе бидат достапни  на пазарот за неколку дена, всушност тогаш ќе може да се најдат и во Европа.

Само ден пред тоа излегоа и информациите за нов апарат на „Samsung“ со името „Galaxy IV Zoom“, кој ќе дебитира официјално до крајот на месецов. Паралелно со него корејскиот гигант подготвува премиера на уште два модела со имињата „Galaxy S IV Active“ и „Galaxy S mini“ исто така до крајот на мај. Во овие информациите исто така беше откриено и кога ќе стартува продажбата на овие паметни телефони.

Црната верзија на „Galaxy Mega 6.3“ ќе биде достапна за некој ден, а пак белиот модел се очекува во неделата меѓу 20-ти и 26-ти мај. Белиот паметен телефон „Galaxy Mega 5.8“ ќе се најде на пазарот следната недела, додека неговата црна верзија ќе може да се купува од периодот меѓу 17-ти и 25-ти јуни. Во периодот помеѓу 15-ти и 21-ви јули ќе можеме да ја видиме и официјалната премиера на пазарот на „Galaxy S IV mini“ и на „Galaxy S IV Active“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП