18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter размислува за платен премиум сервис

Twitter размислува за платен премиум сервис

Дали убедените корисници би плаќале за Twitter?

Очигледно главниот извршен директор на компанијата оператор на социјалната мрежа за кратки пораки Џек Дорси го поставил ова прашање на доверлива дискусија внатре во компанијата. Менаџерите разгледувале како би изгледала еден платен премиум сервис, пишува „Recode“.

Досега, сепак сеуште нема достапен модел кој услугата за микроблогирање би сакала да ја тестира, вели самиот Дорси. Генерално „Twitter“ треба да остане слободна, додава тој за време на годишната средба на акционерите, што се одржа во подоцнежните часови во понеделникот.

„Да, оваа идеја „лебди“ веќе некое време. Ние веруваме дека има реално значење „Twitter“ да е достапен за сите во светот, без оглед на нивниот економски статус и постигнатото во нивниот живот, па во вкупниот случај „Twitter“ ќе биде бесплатен и отворен. Секогаш зборуваме со нашите клиенти за тоа каква може да биде услугата и што би сакале да видат, а тоа е идеја која се појави. Немаме конкретни планови кои ќе ги објавиме денес, но секогаш гледаме на овие модели, обратна врска и разбирањето дека ако тоа е вистинското нешто што треба да направиме за да се постигне поголема публика во „Twitter“, треба да го направиме“, вели Дорси.

Уште во март „Ројтерс“ објави дека „Twitter“ размислува за пуштање на премиум верзија на популарната услуга „Tweetdeck“, насочена кон професионалци. Овој потег би и помогнал на социјалната мрежа да собира претплата од некои корисници за прв пат во својата историја. Новата верзија може да вклучува „помоќни алатки кои ќе им помагаат на новинари, професионалци во различни области и други во нашата заедница за побрзо да го откриваат она што се случува во светот.

Според различни аналитичари и студии има сериозно јадро заколнати фанови на услугата, кои би плаќале за специјални услуги. Дури има и група која е подготвена да ја купват компанијата и да ја развиваат како некомерцијална услуга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП