14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев, Зарков и Хоџа, предложени од бизнис заедницата за економски вицепремиер

Анѓушев, Зарков и Хоџа, предложени од бизнис заедницата за економски вицепремиер

­

Кочо Анѓушев, Александар Зарков и Неби Хоџа се кандидатите кои ги предлагаат стопанските комори на Македонија за вицепремиери за економски прашања во новата влада.

Анѓушев е потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Зарков е извршен директор на Сојузот на стопанските комори (ССК), а Хоџа е претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Ставот на трите комори е идентичен, дека бизнисот треба да биде директно вклучен во економската и развојната политика на државата и дека треба да има пристап во подготовката на законите пред тие да ги поминат филтрите на владата, а не откако ќе влезат во собраниска процедура. ­

Вицепремиерот за економски прашања треба да делува во насока на креирање стратегија за развој на приватниот сектор, на поголема продуктивност, поголем број вработувања, подобрување на деловното опкружување и овозможување негов раст и развој, порачува бизнис заедницата.

Според коморите, неопходно е целосно усогласување на владините политики со интересите на стопанството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП