20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпски "Блиц" истражува: Соодносот на воените сили во регионот

Српски “Блиц” истражува: Соодносот на воените сили во регионот

Тензиите на западен Балкан значително се зголемени откако албанскиот премиер Еди Рама ја споменува голема Албанија, во Македонија за претседател на Собрание е избран поранешниот припадник на ОНА, Талат Џафери, а во Франција е ослободен Рамуш Харадинај. Тоа ги принуди Американците на Косово да испратат уште 130 војници, како и хеликоптери „УХ 60 Блекхок“, кои ќе бидат во составот на КФОР.

Во регионот повторно се растреперува со оружје, иако секој евентуален судир би можел да биде вистинска катастрофа. Тензиите „не ги намали“ ниту изјавата на Харадинај дека би требало да се менуваат границите меѓу Косово и Црна Гора. Се поставува прашањето колку всушност доаѓањето на уште една група на американски војници ја менува состојбата на западен Балкан?

Земајќи го во предвид бројот на војници и вооружувањето, Србија е најмоќна ако се споредби со Албанија, Македонија и меѓународните и домашните сили на Косово.

Србија и демографски и еконмски е најмоќна

Србија и демографски и еконмски е најмоќна. Има 7.143.921 жители, БДП од 37,76 милијарди долари, односно 14.200 долари по глава на жител. Албанија има 3.038.594 жители и БДП 11.900 долари по глава, додека Македонија 2.100.025 со просечно БДП од 10.000 долари. Единствено само Црна Горам има најголема стапка на БДП по глава на жител од околу 17.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП