19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Највредните брендови за 2017-та година

График на денот: Највредните брендови за 2017-та година

Брендот „Apple“ веќе чини помалку отколку пред тоа и веќе го зазема второ место на листата за највредни брендови во светот, се наведува во извештајот за 2017-та година „Global 500“ на „Brand Finance“.

„Најстрасните фанови на „Apple“ почнуваат да ја губат својата верба“ во брендот, пишуваат авторите на извештајот, цитиран од „Statista“. Една од причините за тоа е дека „Apple“ не успева да ја задржи технолошката предност, а новите уреди не ги привлекуваат корисниците како што беше порано. Вредноста на компанијата е намалена за 27% на годишна основа.

Поради тоа „Google“ е лидер во светот на брендовите, а според пресметките неговата вредност е близу 110 милијарди долари, што е за 24% повеќе во однос на минатата година.

Ова е поврзано со фактот дека „Google“ во голема мера останува без конкурент во својата основна дејност со интернет пребарување каде генерира огромни приходи од рекламирање.

На трето место повторно е американскиот технолошки гигант – „Amazon.com“, кој забележува сериозен скок во перформансите од цели 53%.

Повеќето компании во топ 10 се американски, но сепак има и две базирани надвор од САД – јужнокорејската „Samsung“ на 6-та позиција и кинеската банка „ICBC“ на последно 10-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП