30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Панамските документи - Малтешки досиеја

По Панамските документи – Малтешки досиеја

Тринаесет медиуми, обединети во заедничката европска истражувачка мрежа почнаа да објавуваат од денес „Малтешките досиеја“ – над 150.000 доверливи документи откривајќи го „задкулисието на овој непознат даночен рај“, објави францускиот сајт „Медиапар“.

Сајтот за истражувачко новинарство вели дека островчето со население од 430.000 жители ги „лишува годишно останатите земји од 2 милијарди евра даночни приходи“.

Според „Медиапар“ истрагата што ќе се објави во текот на две недели, се однесува на „даночната оптимизација и криењето на приходите, перењето пари и корупцијата“ и се потпира на „целосна листа на физички и правни лица кои се вклучени во регистрираните во Малта 53.247 компании“.

Меѓу регистрираните во Малта компании се „Буиг“, „Тотал“, „БАСФ“, „ИКЕА“ и банки како „Рејл“ и „Џеј Пи Морган“, соопштува „Медиапар“.

Покрај францускиот сајт меѓу медиумите, кои учествуваат во истрагата, се германскиот неделник „Шпигел“ и весниците „Еспресо“ (Португалија), „Мундо“ (Шпанија), „Еспресо“ (Италија), „Соар“ (Белгија), „Политикен“ (Данска) и „Малта тудеј“ (Малта), како и романскиот онлајн медиум „Блек си“.

Според „Шпигел“ во Малта се регистрирани уште компании како „БМВ“, „Дојче банк“, „Пума“, „Мерк“, „Бош“ и „Рајнметал“. Авиокомпанијата „Луфтханза“ има 18 филијали во Малта и таму и е сместена пензиската каса.

„Шпигел“ се поврзал со засегнатите компании кои увериле дека нивното присуство во Малта е легално и декларирано пред Малтешките даночни власти.

Во текот на четири месеци во истрагата учествувале 49 новинари од 16 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП