Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Растoт на клиентите и онлајн купувањата ги поддржаа кварталните резултати на Wal-Mart

Време: 16:09

Датум: мај 19, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Најголемиот трговец на мало во САД, „Wal-Mart“ забележа малку повисока од очекуваната продажба во првиот квартал од годината благодарение на повеќето посети на клиенти и онлајн купувања.

Добивката по акција изнесува 1 долар во првиот квартал, завршен на 30-ти април, што ја надминува просечната оценка на аналитичарите од 96 центи, според „Thomson Reuters“. Консолидираните нето приходи се намалија до 3,04 милијарди долари од 3,08 милијарди долари поради зголемување на даночната стапка.

Компанијата соопшти дека продажбата во продавниците во САД, отворени од најмалку од пред една година, се зголемени за 1,4%. Аналитичарите очекуваа зголемување од 1,3%, според податоците на „Consensus Metrix“.

За вториот квартал „Wal-Mart“, рече дека очекува раст од 1,5% до 2% на продажбата во развиените американски продавници. Компанијата предвидува заработка по акција од 1 до 1,08 долари, наспроти очекувањата на пазарот од 1,07 долари.

Во првото тримесечје онлајн продажбата се зголеми за 63%, што е раст во однос на претходните квартали.

Акциите на „Wal-Mart“ поскапеа за 1,2% до 76 долари, пред пазарот да се отвори. Од почетокот на годината цената на акциите се зголеми за 8,7%.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    „Procter&Gamble“ објавија дека постигнале договор за купување на здравствената единица на германскиот фармацевтски гигант „Merck“, објави „Ројтерс“. Цитираниот износ е 3,4 милијарди евра. Набавката ќе…

  • НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни…

  • „Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

    „Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

    Американскиот ланец на кафулиња во Старзбург одлучи да ги затвори сите под нивно водство во САД,  поради бранот на негативни реакции кои произлегоа поради апсење…

  • Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017-та

    Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017-та

    Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак,…

  • „Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

    „Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

    Приходите на „Нетфликс“ во изминатите три месеци достигнаа 3,7 милијарди долари, 40 отсто повеќе од лани, што е најбрз раст на приходите во историјата на…

  • Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

    Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

    Нафтената компанија „Total“ купува 74,3% од француската компанија за комунални услуги „Direct Energie“ за 42 евра по акција, додавајќи ги електричната енергија и природниот гас…

  • И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

    И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

    Профитот на „Morgan Stanley“ за првото тримесечје од годината е зголемен за над 40% на годишно ниво до рекордни вредности благодарение на бизнисот со трговија…

  • Turkish Airlines објави рекорднo високи резултати

    Turkish Airlines објави рекорднo високи резултати

    „Turkish Airlines“ постигна рекордни резултати за првиот квартал од годината. Коефициентот на оптоварување (процентот на капацитетот на седишта, кој всушност е продаден и користен), пријавен…

  • И покрај зголемувањето на приходите, IBM ги разочара инвеститорите

    И покрај зголемувањето на приходите, IBM ги разочара инвеститорите

    Реструктуирањето на „IBM“ ги дава првите плодови. Во вторникот, компанијата објави зголемување од 5,1 отсто на приходите на 19,1 милијарда долари за првиот квартал, надминувајќи…

  • Приходите на Goldman Sachs ги надминаа прогнозите на аналитичарите

    Приходите на Goldman Sachs ги надминаа прогнозите на аналитичарите

    Американската банка „Goldman Sachs“ ги урна очекувањата на „Wall Street“ за профит за кварталот, поддржан од растот на приходите од тргување и повисоки такси од…