Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Ford ќе се бори и со Tesla Model Y

Време: 15:37

Датум: мај 19, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

„Ford“ планира да претстави достапен електричен модел со голем опсег во 2020-та година, а премиерата може дури да е и порано.

Планот за реализација на проектот за нов „CUV“ (Crossover Utility Vehicle) беше претставен во јануари на саемот за електроника „CES“, но се уште нема точни податоци за цената на новиот модел. Но директорот задолжен за технолошкиот развој на „Ford“, Раџ Наир ветува дека моделот ќе биде „достапен“ (на сликата е „Ford Escape“).

„Нашиот план е новиот модел да е достапен, да е масовен. За да ја постигнеме продажбата на елекромобили кои сме си ја поставиле, за тоа треба да нудиме прифатливи модели, инаку тие секогаш ќе останат целосно недостапни автомобили или луксузни стоки“, објасни Наир.

Но „Ford“ не е единствената компанија која планира достапен електрични „SUV“/„CUV“ модел во блиска иднина. На крајот на 2019-та или 2020-та, „Tesla“ ќе претстави компактниот „Model Y“, кој исто така се очекува да е со конкурентна цена. Во исто време треба да се појават компактните електрични „SUV“ модели на „Volkswagen“ и „Volvo“.

А „General Motors“ веќе лансираше таков модел – минатата година се појави најприфатливиот „Chevrolet Bolt“.

Во „Ford“ сметаат дека ќе имаат предност поради досегот, кој ќе го има нивниот модел со едно полнење. Првите планови беа за километража од „барем 480 километри“, но Наир смета дека оваа граница со леснотија ќе биде надмината.

Се уште нема информации за „Model Y“, бидејќи овој електромобил нема да се произведува на платформата на „Model 3“ и затоа е тешко да се прават предвидувања за неговите способности. Но ако „Ford“ обезбеди километража од над 500 километри на својот нов компактен електричен „CUV“, тешко дека „Tesla“ ќе заостане.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Lexus го откри новиот ES (видео)

    Lexus го откри новиот ES (видео)

    Премиум брендот на „Toyota“ ги објави првите официјални фотографии и видеа од новата генерација на својот „ES“ седан. Светската премиера на моделот ќе се одржи…

  • Официјално – BMW M2 Competiton (фото+видео)

    Официјално – BMW M2 Competiton (фото+видео)

    Германскиот производител на „BMW“ официјално го претстави своето ново „надуено“ купе „M2 Competition“. Компактниот спортски автомобил добил 3.0-литарски 6-цилиндричен мотор од поголемите „М3“ и „М4“,…

  • Opel Corsa GSI: Огномет на патот!

    Opel Corsa GSI: Огномет на патот!

    Чиста прецизност за беспрекорно уживање во возењето! Така во Ризелсхајм, седиштето на „Opel“ ја најавуваат својата нова спортска ѕвезда – „Оpel Сorsа GSi“. „Тоа што…

  • Кое е најпродаваното спортско купе во 2017-та?

    Кое е најпродаваното спортско купе во 2017-та?

    „Ford“ тврди дека тоа е нивниот модел „Mustang“, кој се продава во 146 земји во целиот свет. За љубителите на „Ford Mustang“, 17-ти април е…

  • График на денот: Кои земји со најголемо нетрпение ги очекуваат беспилотните автомобили?

    График на денот: Кои земји со најголемо нетрпение ги очекуваат беспилотните автомобили?

    Автономните автомобили станаа фокус на јавноста, откако минатиот месец во САД две несреќи завршија со смртни случаи. Првиот беше пешак кој беше прегазен од автономен…

  • Германците „полудеа“ по Hyundai i30 N (видео)

    Германците „полудеа“ по Hyundai i30 N (видео)

    Претставниците на брендот „Hyundai“ забележаа дека популарноста на новиот „напумпан“ хечбек „i30 N Perfomance“ ги надмина дури и нивните најголеми очекувања. Серијата „First Edition“, која…

  • Официјално: Porsche влегува во Formula E

    Официјално: Porsche влегува во Formula E

    Fédération Internationale de l’Automobile (ФИА) ја прифати апликацијата на Porsche како нов член на Формула Е. Ова значи дека фабричкиот тим на Weis-sach може да…

  • Memminger Roadster: „Бубата“ која сака да е Porsche (фото+видео)

    Memminger Roadster: „Бубата“ која сака да е Porsche (фото+видео)

    Новата „буба“ на „Volkswagen“ никогаш не ја достигна славата на оргиналниот модел, но затоа старата и натаму ги инспирира автомобилските ентузијасти. Веста дека „Volkswagen“ планира…

  • MG се враќа на светската сцена со атрактивен кросовер (фото)

    MG се враќа на светската сцена со атрактивен кросовер (фото)

    Заборавениот од сите британски бренд „MG“ се враќа на сцената под „капата“ на кинеската компанија „SAIC“. „MG“ во последниве години беше застапен главно во Кина,…

  • Volvo претстави камион на електрична енергија (фото)

    Volvo претстави камион на електрична енергија (фото)

    Шведскиот производител „Volvo Trucks“ го претстави својот прв електричен камион – „FL Electric“. Ниските нивоа на бучава ќе овозможи моделот да биде употребен во текот…