18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазнa од 110 млн евра за Фејсбук поради давање неточни информации

Казнa од 110 млн евра за Фејсбук поради давање неточни информации

Европската комисија (ЕК) во четвртокот го казни Фејсбук со 110 милиони евра поради давање неточни информации за време на истрагата на Комисијата од 2014 година за преземањето на мобилната апликација Ватс Ап.

„Денешната одлука испраќа јасна порака до компаниите дека мора ги почитуваат сите аспекти од правилата на ЕУ за преземањето фирми, вклучувајќи ја и обврската за обезбедување точни информации“, рекла еврокомесарката за пазарна конкуренција Маргарет Вестагер, пренесува СЕЕбиз.

Комисијата во октомври 2014 го одобри преземањето на Вотс Ап од страна на Фејсбук, за 22 милијарди долари. Според прописите на ЕУ за спојување и преземање компании, тие се должни да обезбедат точни информации за Комисијата потоа да може да донесе одлука околу одобрувањето или одбивањето на барањето за спојување.

Меѓутоа, во август минатата година Фејсбук објави дека го менува правилникот за општите услови, вклучувајќи ја и можноста за броевите од телефоните на корисниците на Ватс Ап да бидат додадени кон корисничките профили на Фејсбук. Комисијата востанови дека Фејсбук и во 2014 година имал технички можности за автоматско усогласување, спротивно на тврдењата што биле тогаш направени од компанијата.

По изрекувањето на казната, пак, од Фејсбук изјавиле дека во документите кои биле доставени до Комисијата се појавила „ненамерна грешка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП