4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2016 година намален бројот на склучени бракови, но и на разводи

Во 2016 година намален бројот на склучени бракови, но и на разводи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 7.0% и изнесува 13 199 склучени бракови.

Најмногу бракови, 1 721 или 13.0%, се склучени во август, а најмалку бракови, 637 или 4.8%, се склучени во април.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.5% за жените и 91.2% за мажите.

Во втор брак, со учество од 8.1%, и трет брак, со учество од 0.7% во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2016 година, во најголем број од склучените бракови жените биле на возраст од 20 до 24 години со учество од 33.7%, а мажите во старосната група од 25 до 29 години со учество од 37.1%.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 26.5 години за невестата и 29.3 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2016 година бележи намалување од 9.8% во споредба со 2015 година и изнесува 1 985 разведени бракови.

Најмалку бракови, 39 или 2.0%, во текот на годината се разведени во јуни, а најмногу во март, 245 или 12.3%.

Според возраста на сопругата, најголем број на разводи се случиле во старосната група од 25 до 29 години, со учество од 18.6%, a според возраста на сопругот, во старосната група од 35 до 39 години, со учество од 18.0%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП