3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски домови: во 4% нема телевизор, а во 1% има клавир

Македонски домови: во 4% нема телевизор, а во 1% има клавир

4.1% од домовите во Македонија немаат телевизор, 6.2% немаат електричен шпорет, 1% фрижидер, 6% машина за перење, 9% правосмукалка.

Според најновата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС) „Потрошувачката за домаќинствата во 2016-та“состојбата е полоша кај полуксузните апарати за домаќинство. Само 10.7% имаат видео камера, 18.3% машина за миење садови, 27.7% клима уред, 64.5% компјутер со пристап на интернет.

0.9% од македонските семејства поседуваат клавир, а 2.5% гитара.

Секоја година се намалува бројот на корисници на фиксен телефон. Во 2013-та приклучок имале 64.8% од семејствата, во 2014-та 56.4%, во 2015-та 52.6%, а во 2016-та само 48.1%. Претплатниците на мобилната телефонија останале речиси непроменети последниве четири години – околу 86% од семејствата поседуваат мобилен апарат.

59.4% од семејствата имаат барем еден автомобил, 1.9% имаат и камп приколка, 0.4% чамец, 8.7% мотор, а 37.8% велосипед.

Статистичарите пресметале и дека лани 4.7% од вкупната заработувачка на семејствата се потрошила за мебел и друга опрема за домот.

Секоја година се поголем процент од парите одат на храна и пијалаци – во 2014-та 37.2%, во 2015-та 38.5% и во 2016-та 40.7%.

И трошоците за цигари и алкохол растат – 3% од заработката во 2014-та, 3.5% во 2015-та и 3.9% во 2016-та.

13.6% од парите одат на кирии, струја, вода и други комунални услуги; 5.3% на облека. Во ресторани и хотели биле потрошени 3.8% од семејниот буџет, за рекреација и култура отишле само 1.9% од заработеното, за здравствени услуги 3.4%, а за образование 0.7%.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП