4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLavazza планира серија спојувања и превземања за да се консолидира индустријата

Lavazza планира серија спојувања и превземања за да се консолидира индустријата

„Lavazza“ – најголемата италијанска група за производство и трговија со кафе по продажба, може да потроши до 2 милијарди евра за превземања, за да продолжи со глобалните амбиции и побрзо да се консолидира индустријата, доминирана од швајцарската „Nestle“ и „Jab“.

Антонио Баравале, извршен директор на семејната компанија, изјави: „Ако сакаме да бидеме независни во овој голем процес на консолидација, има само една опција – да растеме. Или продавате, или растеш, нема друга алтернатива“.

Баравале рече дека „Lavazza“ истражува потенцијални аквизиции, додека во исто време се инвестира во раст на продажбата. Компанијата со седиште во Торино основана во 1895-та година од Луиџи Лаваца, е трета по големина компанија во светот за производство и трговија со кафе од гледна точка на продажбата на мало, според „Euromonitor“. Ова е постигнато по серијата аквизиции, вклучувајќи во Данска и Франција.

Со само 3% од глобалниот пазар, сепак компанијата, иако е на трето место е доста зад „Nestle“ и „JAB“ кои заедно контролираат повеќе од една третина од него, покажуваат уште податоците на „Euromonitor“.

„Следната година ќе можеме да испитаме други можности“, вели Баравале, додавајќи дека целта на групата е да постигне приходи од 2,2 милијарди евра во 2020-та година со помош на превземања.

„Lavazza“ има нето готовински текови од 700 милиони евра и ќе може да привлече 1,5 милијарди евра, добивајќи на тој начин можност за потенцијални трансакции до 2 милијарди евра, вели Баравале. „Имаме доволно пари за трошење на патот пред да размислиме за примарната јавна понуда (IPO)“, додава тој.

„JAB“, инвестициската компанија на милијардерското австриско семејство Рејман, потрошила 30 милијарди евра во последните 4 години за стекнување на брендови за кафе, вклучувајќи ги „Keurig Green Mountain“ и „Jacobs Douwe Egberts“.

Баравале ја признава разликата во големината, но вели: „Има простор за независна трета група. Среќни сме што имаме еден од ретките потенцијални глобални брендови за кафе. Се наоѓаме во луксузниот дел на пазарот и во сегментот на еспресо, каде напредуваме“.

Купувањето на „Carte Noir“ – најголемиот француски бренд за трговија со кафе на мало, од „Lavazza“ ги поддржи приходите на групата со 29% до 1,9 милијарди евра во 2016-та година во однос на 2015-та година, изјавија од компанијата, објавувајќи ги годишните резултати.

Новите производи поддржуваат органскиот раст до 4% без да се вклучуваат стекнувања. Оперативната добивка се зголемува со 34% до 46 милиони евра.

Кога Баравале, поранешниот извршен директор на автомобилскиот производител „Fiat“ и групата за пијалоци „Diageo“, ја презеде функцијата во 2011-та година, 30% од продажбата доаѓаа надвор од Италија. Овој удел достигна 60% во минатата година.

Уделот на „Lavazza“ на нејзиниот локален пазар порасна малку до 41%. Иако е сомнително, компанијата може да се соочи со конкуренција, откако американскиот синџир „Starbucks“ одлучи да го отвори првото кафуле во Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП