29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСлабата фунта донесе рекордна загуба за „EasyJet“

Слабата фунта донесе рекордна загуба за „EasyJet“

Британскиот нискотарифен авиопревозник „EasyJet“ забележа рекордна загуба во зимската сезона, бидејќи слабата фунта ги зголеми трошоците во континентална Европа. Компанијата пак ги намали цените за да ги задржи своите клиенти во рамките на ценовната војна на континентот, коментира „Bloomberg“.

Коригираната загуба пред даноци расте до 212 милиони фунти (околу 274 милиони долари) во периодот до крајот на март оваа година. Година порано загубата изнесуваше 21 милиони фунти. Прогнозите беа за загуба во износ од 176 милиони фунти.

Падот на фунтата по референдумот за „Brexit“ избриша 82 милиони фунти од профитот на компанијата, а приходите за едно место во авионот се намалуваат со близу 10%, а тоа е мерка за цените на билетите. Стремежот кон нудење на атрактивни зделки ги „јаде“ заштедените средства од помалите трошоци за гориво. Освен тоа побарувачката останува слаба кај некои дестинации поради низата терористички напади.

„Резервациите за ова лето се пред темпото од минатото, покажувајќи дека побарувачката останува силна и дека на корисниците им стануваат приоритет одморите и патувањето со авион“, вели Каролин Маккол, извршен директор на „EasyJet“. Се очекува забавување на поевтинувањето, а падот на цените во тековното тромесечје ќе биде во рамките на помалку од едноцифрена бројка.

Според зборовите на Маккол очекувањата на компанијата за годишните резултати се совпаѓаат со пазарните. Аналитичарите прогнозираат добивка пред даноци во износ од 372 милиони фунти за фискалната 2017-та година, односно до крајот на септември. Тоа е просечната прогноза на 21 експерти, анкeтирани од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП