16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе најавува летечки автомобил

Се најавува летечки автомобил

letanje

Сонот на човек да летa може да се проследи наназад во голем број на индустрии, вклучувајќи ja и автомобилската. Често во филмовите за суперхероите можеме да сретнеме автомобили, кои на некој начин можат да летаат. Сега по се изгледа дека од „Terrafugia“ ќе се обидат да го остварат овој долгогодишен човечки сон. Тие ги најавија подготвките на својот најнов концепт, летечкиот автомобили „TF-X“.

Проектот е во процес на развој и се развива како plug-in хибриден летечки автомобил кој може да полетува и слетува. Од компанијата самоуверено тврдат дека човек за да се научи да управува со овој „автомобил“ потребни му се само 5 часа. Најважно е дека „TF-X“ ќе може да полетува и слетува автоматски, така што навистина секој без многу проблеми ќе може да управува со ова возило.

Во оваа фаза нема детали за моделот, но сепак е извесно дека тој ќе поседува мотор од 300 КС и два електрични мотори со по 600 КС кои ќе се наоѓаат во крилата и ќе бидат доволни за полетувањето и слетувањето. Кога е во воздухот, „TF-X“ ќе може да развива до 320 км/ч, а со едно полнење ќе може да мине над 800 км.

letanje1

Освен тоа ова нестандардно возило ќе има модерен систем за безбедност, кој ќе може да избира главна зона за слетување, како и неколку резервни варијанти. Ако поради некои причини овие зони не може да се користат или времето не е поволно, командата за слетување нема да биде потврдена. Исто така „TF-X“ ќе поседува резервен падобран, како и функцијата за итни слетување, ако возачот не е во состојба да управува со возилото.

Ако се оди според планот, проектот ќе биде готов од 8 до 12 години, а цената на готовиот производ сигурно нема да биде ниска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП