2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронската трговија и технологијата го менуваат сериозно пазарот на индустриски имот

Електронската трговија и технологијата го менуваат сериозно пазарот на индустриски имот

Развојот на електронската трговија, напредокот на технологијата и голем број на циклични и структурни фактори го менуваат синџирот на снабдување и имаат значително влијание врз пазарот на индустриски имот, покажува последното истражување на „Colliers International“.

Ако трговија продолжи да расте со истото темпо, до 2020-та година во глобален аспект таа може да генерира 5,4 илјади милијарди долари – повеќе од БДП-то на Велика Британија и Франција, земени заедно, покажуваат пресметките на компанијата.

Овој развој има позитивен ефект врз логистичката индустрија, што од своја страна доведува до зголемување на побарувачката за магацински простор и на логистички услуги, посочува компанијата во анализата.

Меѓународната трговија бележи пораст, а до 2020-та година 45% од корисниците се очекува да купуваат онлајн производи од други држави. Тоа би претставувало раст од четири пати на продажбата во споредба со 2014-та година.

Благодарение на гигантите во електронска трговија како „Amazon“ и „Alibaba“, помалите компании се повеќе се вклучени во светската стокова размена. Ова создава дополнителна потреба од логистички површини и бара примена на различни пристапи со оглед на разновидноста на производи кои се тргуваат онлајн.

Глобалните онлајн продавници се повеќе инвестираат во логистика, истакнуваат експертите. „Amazon“ пример им нуди на локалните трговци да нарачуваат услуги, процеси по логистика и транспорт и се стреми кон поголема контрола врз мрежата за снабдување за да се оптимизираат роковите за извршување.

Во иднина компанијата може да почне да обезбедува и логистички услуги на трети страни, дури и да преземе бизнис од партнерите, прогнозираат експертите. Придонесот на „Amazon“ кон приходите на „UPS“ и „DHL“, на пример, достигнува до 5% и 4%.

Во одговор на развојот на поморскиот товарен транспорт компаниите во секторот формираа здруженија и инвестираа во нови технологии и автоматизација, област во која заостануваа во споредба со другите индустрии. Некои превозници додадоа и други видови превоз кон своите услуги.

„Maersk“ – најголемата компанија во оваа сфера, на пример размислува за логистички и транспортни услуги во рамките на локалниот пазар. Сето ова може да предизвика реструктуирање во сегментот на индустриските имоти и да доведе до нови инвестиции.

Процесите поставуваат и некои бизнис предизвици – на пример развојот на технологијата. Шпедитери се почесто ги дигитализираат процесите, за да ги направат поефикасни и транспарентни, посочува уште компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП