24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi исто така ќе прави достапен електричен автомобил

Audi исто така ќе прави достапен електричен автомобил

Компанијата „Audi“ работи на создавање на компактен и достапен според цената електричен автомобил, кој ќе се натпреварува со „Tesla Model 3“. Ова го соопшти шефот на германската марка Руперт Штадлер.

Машината ќе биде изградена на платформата „MEB“ на концертот „Volkswagen AG“, создадена специјално за електрични автомобили. Па така електромобилот на „Audi“ ќе биде малку поголем од седанот „A3“.

Основната верзија на моделот ќе добие моќен агрегат со моќност од околу 300 КС, а топ-верзиите ќе развиваат меѓу 430 и 500 КС. Со едно полнење на батериите возилото ќе поминува околу 500 км.

Новиот модел ќе се појави во 2019-та или 2020-та година, но нема да биде дел од новата палета на премиум-електричните „e-tron“. Причината е дека дури топ-верзиите на машината нема да надминуваат цена од 50.000 долари. Сличен електромобил треба да пушти и ривалот на „Audi“ – компанијата „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП