3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW сака да произведува 3 милиони автомобили годишно

BMW сака да произведува 3 милиони автомобили годишно

Германскиот автомобилски концерн „BMW AG“ презема курс кон значително зголемување на производството, така што планира зголемување на моќноста со 27% во наредните неколку години. Ова ќе влијае не само марката „BMW“, но и останатите брендови, сопственост на баварците – „MINI“ и „Rolls-Royce“.

Автомобилскиот гигант планира да достигне производство од 3 милиони автомобили во 2020-та година, соопшти германското издание „Handesblatt“. Тоа ќе се случи најмногу благодарение на кинескиот пазар. Моќност на локалните фабрики на „BMW“, кои сега произведуваат по 300.000 автомобили годишно, ќе бидат зголемени за 2 пати.

Во САД исто така ќе има пораст – од сегашните 410.000 на 750.000 единици. Целта на баварците е да го достигнат и надминат лидерот во сегментот на луксузни автомобили „Mercedes-Benz“. Официјалната стратегија беше потврдена и од генералниот директор на концернот Харалд Кругер за време на годишното собрание на акционерите на „BMW“.

Во 2016-та година од фабриките на баварскиот производител излегоа 2.370.000 возила. За зголемувањето на производството ќе влијае и компанијата за мотоцикли „BMW Motorrad’s“, чија цел е во 2020-та година да продава 200.000 мотори и скутери од брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП