19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ70% пад во профитот на Emirates

70% пад во профитот на Emirates

„Emirates Group“, најголемата авиокомпанија во Блискиот Исток, објавија 70% пад во профитот, до 670 милиони долари. Ова се случува во услови на благо покачување на приходите до 26 милијарди долари.

Во објавениот извештај се наведува дека профитот е погоден од турболентната година, вклучувајќи ја миграциската криза, терористичките напади во неколку европски градови, обидот за преврат во Турција и несигурноста поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, пренесува „CNBC“.

„Emirates“ ги намали летовите до САД со 20% во текот на оваа година, како резултат на мерките за безбедност, воведени од претседателот Доналд Трамп, поради обидот за забрана за влез во земјата на патници кои доаѓаат од нации со мнозинско муслиманско население.

Финансиските податоци на авиокомпанија со седиште во Дубаи се за веќе минатата финансиска година, која го покрива периодот од април 2016-та година до крајот на март оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП