19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка ја зацврстува својата позиција во банкарскиот сектор

УНИБанка ја зацврстува својата позиција во банкарскиот сектор

УНИБанка во 2017 година се насочи кон зацврстување на својата позиција во банкарскиот систем, преку делување во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот за 2017 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги во предвид и ефектите на политичките случувања врз стабилноста на работењето на  банките, како и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување.

Нето активата на банката во Март 2017 година е на ниво од 14,8 милијарди денари, што значи зголемување на истата за 12,8% во однос на Март 2016 година (13,1милијарди денари). Обврските на банката  во билансот на состојба бележат нето зголемување од 13%, што е резултат на порастот на вкупните депозити особено на депозитите на население.

Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на Март 2016 година се зголемени од 131,6 милиони денари на 148,5 милиони денари или за 12,8%. Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати бележат намалување и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки.

Квалитетот на кредитното портфолио на банката, следен преку промените на нефункционалните кредити и издвоената исправка на вредност на финансиските средства, бележи подобрување(во првиот квартал од  2017 година е издвоена исправка на вредност на финансиските средства во износ од 9,6 милиони денари).

Оперативните расходи во првиот квартал од 2017 година достигнаа износ од 128 милиони денари, што значи зголемување од 6,8% во однос на минатата година. Зголемувањето е резултат на зголемувањето на трошоците за вработените и останатите расходи од дејноста.

Во првиот квартал од 2017 година Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 54,4 милиони денарикој во однос на  минатата година е повисок за 23,2 милиони денариили за 74%, а се должи пред се на значителниот пораст на нето приходите од камати и намалената загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП