27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„БМВ“ поради Брегзит може да го повлече производството на „мини“ од Британија

„БМВ“ поради Брегзит може да го повлече производството на „мини“ од Британија

Германскиот производител на автомобили „БМВ“ предупреди во четврток дека во случај на лош договор за Брегзит, производството на автомобилот марка „мини“ ќе биде повлечено од Британија.

Заради тоа апелираше на прагматизам на Лондон и Брисел во преговорите за раздружување.

„Очекуваме прагматизам на сите страни во преговорите за Брегзит. Тоа значи да нема бариери за трговија и да постои слободно движење за обучените работници“, рече генералниот директор на „БМВ“ Харал Кригер пред инвеститорите на годишната седница на компанијата во Минхен, пренесува агенцијата Франс прес.

„БМВ“ вработува околу 18.000 луѓе во Обединетото Кралство, а со своето присуство, како што наведува, поддржува уште 46.000 работници.

Неговата фабрика во Оксфорд произведува различни модели на автомобилот марка „мини“, фабриката во Хамс Хол во близина на Бирмингем произведува мотори, а во Свиндон каросерии.

Како што наведува АФП, речиси 56 отсто од 1,7 милиони автомобили произведени во Обединетото Кралство минатата година се извезени во Европската Унија(ЕУ), а оваа земја увезува голем број на возила произведени во Франција, Германија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП