2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon го претстави Echo Show со дигиталниот асистент Alex (видео)

Amazon го претстави Echo Show со дигиталниот асистент Alex (видео)

Компанијата „Amazon“ го претстави својот нов „Echo“ производ – „touchscreen“ уредот со дигиталната асистентка „Alex“ кој се нарекува „Echo Show“.

„Show“ ги има истите можности како и обичниот „Echo“ кој се контролира со помош на гласот, со тоа што екранот чувствителен на допир има многу нови опции, пишува „The Verge“.

Екранот на овој уред ќе прикажува информации за прашањата кои ги барате од „Alex“, како што е деталната временска прогноза или како чекор по чекор да го направите бараниот рецепт.

„Echo Show“ исто така може да се користи за пуштање на видео-снимка од „YouTube“, „Amazon Videо“ и други стриминг сервиси.

Како и повеќето производи на „Amazon“, „Echo Show“ најдобро работи со сервисите на споменатата компанија. Екранот може да служи како дигитална рамка за слики, а на него може да се поврзуваат „Wi-Fi“ безбедносните камери и да се следи состојбата во реално време.

Меѓутоа, најинтересна опција е можноста за поврзување на гласовни и видео-повици со помош на „Alex“ апликацијата.

„Amazon Echo Show“ ќе биде достапен за купување од 28-ми јуни, а моменталната цена за уредот е 229.99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП