7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје прикажа негативни финансиски резултати за првиот квартал

ТТК Банка АД Скопје прикажа негативни финансиски резултати за првиот квартал

ТТК Банка АД Скопје во првиот квартал од 2017 година дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување.

Банката во периодот 1.1-31.3.2017 година оствари позитивен нето-оперативен приход пред исправка на вредност на финансиски и нефинансиски средства во износ од 16,8 милиони денари.

Исправката на вредноста на нефинансиски и финансиски средства на нето-основа влијаеше финансискиот резултат на Банката во овој период да изнесува -17,1 милиони денари.

Нето-приходите од камати изнесуваат 61,4 милиони денари и се пониски за 7,9% во однос на истиот период од минатата година, во најголем дел како резултат на повисоките расходи за камата кои произлегуваат од зголемената депозитна база на годишно ниво. Остварените нето-приходи од камати се целосно во согласност со планираните, односно степенот на исполнување на планот е 100,2%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во периодот јануари-март изнесуваат 29,8 милиони денари. Најголем придонес во структурата на оваа позиција имаат приходите од провизии коишто потекнуваат од платниот промет во земјата и во странство за правни и физички лица, но исто така и од генерираните провизии од сегментот кредитирање. Планираните нето-приходи од провизии се остварени со 101,6%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 2,6 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 4,0%. Остварувањето на планот изнесува 119,8%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 5,1 милиони денари. Степенот на исполнување на планот е 103,6%.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 82,2 милиони денари и, споредено со истиот период минатата година, се повисоки за 4,1% како резултат на повисоки материјални и административни трошоци и повисоки трошоци за вработени. Реализираните оперативни трошоци се во согласност со планираните, односно степенот на исполнување на планот е 99,8%.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, во периодот 1.1.-31.3.2017 година евидентирана е исправка на вредност на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 21,2 милиони денари, што е за 16,4% пониско оштетување во однос на минатата година. Подобрувањето на споменатата позиција се должи на континуирани напори за продажба на преземените средства.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во анализираниот период изнесува 12,6 милиони денари и издвоените исправки на вредност соодветствуваат со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП