3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата листа на должници- ЈП„Македонија пат“ со долг од...

УЈП ја објави најновата листа на должници- ЈП„Македонија пат“ со долг од 7 милиони евра

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.5/2017 за долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатени до 30.04.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Според најновата листа, 4422 фирми и должат на државата над 230 милиони евра од кои најголем должник е Отекс АД Охрид со над 11 милиони евра, а втор е јавното претпријатие „Македонија пат“ со долг од 7 милиони евра.

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП