7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на ING се зголеми за 39%

Профитот на ING се зголеми за 39%

Најголемиот холандски кредитор „ING Groep“ соопшти дека профитот пред даноците се зголемил за 39% во првиот квартал, поддржана од силниот раст на кредитите, заштедите на трошоците и повисоките приходи од пазарната активност.

Основната добивка пред даноците се зголемила до 1,65 милијарди евра од 1,19 милијарди евра една година порано, изјави банката со седиште во Амстердам. Тоа е над просечната оценка за 1,48 милијарди евра на седум аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.

Главниот извршен директор Ралф Хамерс инвестира во дигитални технологии за да ги намали трошоците и го зголемува кредитирањето на корисниците и компаниите надвор од локалниот пазар. Иако „ING“ излезе од реструктуирање и државна помош со посилни капитални амортизери, доверителите во Европа се под притисок поради рекордно ниските каматни стапки и морале да ги намалуваат трошоците.

„„ING“ имаше силен прв квартал. Придонесот на банкарството на големо е особено силно, воден од повисоката добивка од финансиските пазари и провизии“, рече Хамерс во пораката.

Хамерс ја користи дигиталната технологија, за да ги зголемува приходите, додека ги намалува трошоците. Нето приходите од каматите од кредити пораснаа до 3,35 милијарди евра во кварталот од 3,25 милијарди евра во една година порано. Нето маргината на каматата – разликата помеѓу профитот од кредитирањето и трошоците за финансирање, се зголемил до 1,52% од 1,51% за истиот период во минатата година.

„ING“ ги објави плановите во октомври за годишни заштеди од 900 милиони евра во наредните 5 години, делумно преку елиминацијата на 7.000 работни места, или 13% од работната сила. Банката влага 800 милиони евра во дигитална технологија.

Односот на основниот капитал од прв ред на банката – показател за финансиска сила – се зголемило на 14,5% од 14,2% на крајот на декември, што е прилично над целта на „ING“ за 12,5%.

Акциите на „ING“ поскапеле со 17,4% од почетокот на годината па досега, надминувајќи го сериозно растот од 4% на индексот „STOXX 600 Banks Index“ за истиот период и давајќи и на банката пазарна вредност од околу 60 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП