Според новите извештаи на „Facebook“ наскоро ќе почне да се прикажува телевизиска серија. „Busines Insider“ тврди дека од средината на јуни ќе ја емитува својата ТВ серија.
На почетокот ќе бидат две сезони на различни серии од по 12 епизоди, како што наведуваат повеќето извори, „Business Insider“ известува дека од „Facebook“ имаат зелено светло да почнат и со повеќе серии.
„Facebook“ во моментов спрема две серии, еднaта ќе биде високобуџетна и со поголемо траење, додека другата ќе биде поефтина и би траела 10-тина минути, а новите епизоди ќе се објавуваат секојдневно.