4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNvidia со поголем од очекуваниот раст на приходите за кварталот

Nvidia со поголем од очекуваниот раст на приходите за кварталот

„Nvidia“ забележа поголем од очекуваниот скок од 48,4% на приходите за кварталот, потпомогнати од силната побарувачката на чипови кои се користат од главните снабдувачи на облачни услуги во центри за податоци.

Акциите на „Nvidia“ ја зголемија својата вредност со 14,2% до 117,57 долари за време на слободната берзанска трговија.

Приходите од центрите за податоци се зголемиле повеќе од два пати во текот на првото тримесечје до 409 милиони долари, надминувајќи ги значително прогнозата на аналитичарите за 318,2 милиони долари според „FactSet“.

Сите големи интернет провајдери и облачни услуги сега ги користат производи на „Nvidia“, коментира главниот финансиски директор на компанијата Колет Крес.

Крес изјави дека во овие компании влегуваат „Facebook“, „Google“, „IBM“, „Microsoft“ и „Alibaba Group Holding“. Чиповите на „Nvidia“ ги користат и во „Amazon Web Services“ на „Amazon“.

Главниот извршен директор на компанијата Јенсен Хуанг, кој е и ко-основач на „Nvidia“ и раководи со компанијата од нејзиното создавање во 1993-та година, ги зголеми напорите за насочување на бизнисот кон брзо растечките области, како чиповите за автономни автомобили и вештачката интелигенција.

Приходите на автомобилскиот бизнис на „Nvidia“, кој го произведува системот „DRIVE PX 2“ за самоуправувачки автомобили, користени од „Tesla“, забележаа речиси 24% раст до 140 милиони долари. Аналитичарите очекуваа приходите да се околу 132 милиони долари според „FactSet“.

Приходите од бизнисот со игри, кој ги вклучува најпопуларните видео картички „GeForce“, скокна за речиси 50 отсто до 1,03 милијарди долари. Овој бизнис придонесе за 53% од вкупните приходи на компанијата во кварталот. Аналитичарите прогнозираа износот да достигне 1,11 милијарди долари според податоците на „FactSet“.

Компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија, прогнозира приходи за тековниот квартал во износ од 1,95 милијарди долари, плус или минус 2%. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 1,89 милијарди долари според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Нето добивката на компанијата се зголеми повеќе од двојно до 507 милиони долари, или 79 центи по акција, во кварталот, кој заврши на 30-ти април.

Приходите на „Nvidia“ достигнаа до 1,94 милијарди долари од 1,31 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 1,91 милијарди долари според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Како се исклучат некои елементи, „Nvidia“ заработи по 85 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП