7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБродски чевли – Timberland класика во модерен облик(фото)

Бродски чевли – Timberland класика во модерен облик(фото)

Еден од најрафинираните модели на Timberland– бродските чевли стануваат синоним за класичен дизајн со врвен квалитет. Овој модел чевли ги сплотува функционалноста, безвременоста и софистицираноста во обувки кои лесно се носат и комбинираат. За пролет/лето 2017 класиката е дополнета со модерна технологија со имплементирање на Sensorflex системот.

Оваа техонологија постои од 2014 година е и создадена како одговор на предизвиците и темпото на модерното време. Направен од три делови, Sensorflex системот лесно се адаптира на различна подлога и се приспособува на движењето на оној што ги носи во текот на целиот ден. Цврстиот дел го поддржува и стабилизира стопалото, средниот слој служи како амортизер за нерамен терен, додека пак таканаречениот динамичен слој на ѓонот овозможува максимална флексибилност.

Бродските чевли со Sensorflex технологија доаѓаат во машки и женски модел – Tidelands и Lakeville. Тidelands се секојдневни, удобни обувки со современ финиш, рачно шиено спојување на деловите, квалитетна кожа и издржливи врвки. Палетата на бои се движи од темно сина, преку кафена до впечатлива црвена или пак елегантна сива.

Женскиот Lakeville модел може да се најде во летни бои како пастелни црвени и зелени тонови, но и традиционалните темно сини и кафени. Колекцијата е изработена од мека кожа, а присутна и е верзијата од превртена кожа со премиум квалитет. Деталите се една од најважните карактеристики на Timberland, па така Lakeville моделот е дополнет со OrthoLite влошка за целодневна удобност, врвки кои се прилагодуваат и издржлив, водоотпорен горен дел кај моделите од превртена кожа.

Со својата безвремена силуета, автентични и практични, бродските чевли остануваат класика која ги надминува трендовите и се враќа во обновена варијанта сезона по сезона, благодарение на својата верна публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП