18 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за BMW Series 6 Coupe

Крај за BMW Series 6 Coupe

Компанијата „BMW“ изненадувачки го запре производство на купе-верзијата на „Series 6“. Возилото се уште се продава на некои пазари, но во САД договорите се прекинати.

Според статистика од „CarSalesBase“ кои ги внесуваат информациите директно од производителите, најпродаваниот модел „Series 4“ е седанот „Gran Coupe“. Идентична е ситуацијата и кај „Series 6“, при кои моделот со четири врати е одговорен за повеќе од 50% од продажбата. Податоците покажуваат дека верзиите со четири врати се поуспешни од купеата и кабриолетите од овие семејства на модели.

Според истиот извор, во февруари од „BMW“ ја симнале од производната лента верзијата со две врати, но е изненадувачки дека се уште нема официјално соопштение од страна на компанијата. Најверојатно, токму малите продажби се причината за да прекине со производството.

Третата генерација на моделот е на пазарот од 2011-та година, а се уште нема информации дали верзијата со две врати на „Series 6“ ќе добие наследник. Гласините се дека таа ќе биде заменета од речиси готовото купе „Series 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП