7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИE.ON продолжува помaлку да заработува

E.ON продолжува помaлку да заработува

Германскиот енергетски концерн „E.ON“ продолжува да се бори со сериозни предизвици по рекордната загуба во 2016-та година.

Компанијата со седиште во западниот град Есен има реализирано нето квартална добивка од 525 милиони евра (со сезонски корекции), што е за 20% помалку на годишно ниво. Добивката пред камати и надоместоци (Ebit) опаѓа со една третина до 1,04 милијарди евра.

Приходите бележат пад со 7 отсто до 10,5 милијарди евра, поради влијанието на неповолните девизни курсеви и падот на продажбата на клиенти во Велика Британија.

Освен тоа бизнисот со парковите на ветер е намален од недостигот на ветер во текот на зимата. Кон тоа се додава и долготрајното од очекуваното запирање на нуклеарната централа во северниот град Брокдорф по рутинското одржување, кое исто така се одразило негативно на финансиите на компанијата.

Единицата „PreussenElektra“, ги состави нуклеарните активности кои претстојат да излезат од активностите на групата, а го намалило придонесот кон оперативната добивка до 30 милиони евра во споредба со 250 милиони евра во првиот квартал на 2016-та година.

Сепак Концернот ги потврди своите цели за 2017-та година, кои предвидуваат реновирање на компанијата по загубата во минатата година и покрај тешкиот почеток на годината. Во март „Е.ON“ објави дека се залага за зголемување на чиста добивка при постојани услови и со исклучување на вонредни настани до 1,20-1,45 милијарди евра во споредба со 904 милиони евра во 2016-та година.

Минатата година компанијата забележа историски висока загуба од над 8 милијарди евра, поврзана со вонредни оштетени поради нејзината поделба. Таа, слично на голем број европски конкуренти, страда од падот на цените на големо на електричната енергија и конкуренцијата на субвенционирани обновливи енергии.

А освен тоа одлуката на федералната република постепено да се откаже од нуклеарната енергија по хаваријата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011-та година, дополнително ги продлабочи тешкотиите.

Слично на германскиот конкурент „RWE“, „E.ON“ одлучи да се раздели со централите на јаглен и гас, кои сега се обединети во филијалата „Uniper“, па да ја задржат чистата енергија на иднината (соларна и ветерна), мрежите и клиентските услуги. „Uniper“ во која „E.ON“ држи удел од 46,6 отсто, кои планира да ги продаде по 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП