2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоставете фотографии на Instagram и без апликација

Поставете фотографии на Instagram и без апликација

Една од најпопуларните друштвени мрежи во светот, „Instagram“, oд сега има некои нови можности. Иако од својот почеток се потпираше во целост на мобилната апликација и фотографиите споделени со нив, овие денови е забележано дека мобилниот веб-интерфејс има нови можности.

Па така од сега корисници на „Instagram“ ќе можат со мобилниот телефон на оваа мрежа да поставуваат фотографии, дури и да ја немаат инсталирано посебната апликација. Тоа ќе биде можно преку мобилниот веб-интерфејс на познатата адреса „instagram.com“. Oваа можност со сигурност добро ќе им дојде на корисниците со послаби мобилни телефони и оние со лош пристап до интернет, превземајќи ја улогата на „полесна“ верзија на „Instagram“ со основни функционалности.

И натаму без апликација нема да може да се постават видео записи, да се креира „Stories“, примамливите познати филтери, ниту да испраќаат и примаат пораки. Акцентот на „Instagram“ останува на мобилните уреди, па додавањето на фотографии преку десктоп интерфејсот од компјутер ниту сега не е овозможено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП