Кон крајот 2015-та година кинескиот производител на мобилни телефони, компанијата „Oukitel“ го претстави моделот „K10000“ кој е опремен со батерија со капацитет од дури 10.000 mAh. Според информациите на производителот споменатиот уред при нормална употреба би требало да се полни еднаш во десет дена.
Сега, некоја година подоцна во продажба ќе се појави и неговиот наследник – „K10000 Pro“. Уредот исто така е опремен со батерија од 10.000 mAh, но овој пат автономијата би можела да биде помалку – околу седум дена.
Имено, покрај новото име „K10000 Pro“ доби и значителна надоградба на хардверот. Наместо процесорот со четири јадра, овој модел ќе има осумјадрен процесор „MediaTek“ – „MT6750T“ кој работи со брзина од 1,5 GHz, т.е. квалитетен 5,5-инчен „FHD“ екран (1.920 x 1.080) кој дополнително ќе ја оптерети батеријата. Среќа, батеријата би може да се наполни за три часа.
„K10000 Pro“ ќе добие и поголема количина на меморија – работна и мемориска. „RAM“-то во однос на минатогодишниот „K10000“ ќе се зголеми за 2 GB на 3 GB, a интерна меморија од 16 GB нa 32 GB. Нормално, останува поддршката за „microSD“ картичка. Според гласините моделот на задната страна би требало да има камера од 16 MP, a со предна камера од 8 MP, како и отпечаток за прстот.
„Oukitel“ ја поправи и најчестата замерка од страна на купувачите – тежината. Овогодишниот модел ќе биде 27,5 грама ќе биде полесен и наместо 292,5 грама ќе тежи само – 265 грама. Официјалното претставување би требало да се случи во текот на јуни, а тогаш ќе бидат познати и деталните спецификации, како и цената.