3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските банки си заминуваат од Островот

Светските банки си заминуваат од Островот

Најголемите светски банки имаат намера да преселат над 9.000 работни места од Велика Британија во земјите од Европската Унија (ЕУ), откако оваа земја ќе ја напушти Унијата.

Минатата недела големите банки, како Стандард Чартеред и ЏП Морган, ги соопштија своите планови за работење по Брегзит.

Тие се меѓу глобалните банки кои планираат своето работење да го преселат од Лондон, јавува Ројтерс, повикувајќи се на сопствени извори.

Тринаесет големи банки, меѓу кои и Голдман Сакс, УБС и Ситигруп најавија дека бараат начини да ги продолжат своите операции во Европа и дека имаат отворен пазар и откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Разговорите и натаму се одвиваат, но банките веќе имаат сценарио за преселба на работењето.

Конечниот број бизниси што ќе ги загуби Лондон ќе биде познат по завршувањето на преговорите за излез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП