18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen подготвува нова генерација електрични возила

Citroen подготвува нова генерација електрични возила

Компанијата „Citroen“ ќе започнe сериско производство на нова генерација електрични автомобили. Тоа ќе се случи во 2020-та година, изјави за „Automotive News“ шефот на француската марка Линда Џонсон.

„Не сакаме да создаваме одделно семејство или бренд на електрични модели. Целта ни е да им понудиме на клиентите електрични верзии од целиот наш спектар на модели. Така тие ќе можат да избираат каков автомобил да купат – со традиционален мотор или со електричен“, појасни Џонсон.

Новиот електромобил на „Citroen“ ќе биде претставен во 2019-та година, а неговата продажба ќе стартуваат година подоцна. Во основата ќе биде архитектурата „e-CMP“, која е заеднички развој на француската алијанса „PSA Group“ и кинескиот концерн „Dongfeng Motors“. Досегот на идниот модел со едно полнење ќе е околу 450 километри.

Во моментов „Citroen“ продаде два електрични модели – компактниот „C-Zero“, кој претставува верзија на „Mitsubishi i-MiEV“, како и кросоверот со отстранлив покрив „E-Mehari“. Последниот располага со електромотор со 68 КС, кој се напојува со сет батерии со капацитет од 30 kW/h.

Максималната брзина на „E-Mehari“ е 110 км/ч, а во градски циклус километражата достигнува 200 км. Во приградски услови сепак таа паѓа на половина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП