19 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледни, фотографирај, купи! (видео)

Погледни, фотографирај, купи! (видео)

Дали некогаш Ви се случило да се шетате по главната улица на некој град и да погледнете во излогот на една продавница, и да посакате сосема импулсно да купите некоја торба, на пример. Или кошула. Или чевли?

Основана пред три години во Израел, „Mobilibuy“ им помага на корисниците да купуваат брзо и лесно во движење. И тоа станува многу лесно – само фотографирајте даден производ, каде и да го видите и веќе имате експресен пристап до него и можете да го купите.

„Направивме како да го комбинираме физичкиот и дигиталниот свет. Решението што „Mobilibuy“ го нуди, е да се земе било кој вид предност од реалниот свет – како на пример од екранот на телевизор, реклама во списание или на билборд, и да им овозможи на корисниците да го купат, откако ќе го фотографираат“, раскажа за Коби Данон, основач и извршен директор на „Mobilibuy“. Според него тоа е многу лесно решение за секој трговец или бренд, преку кое тие ќе конвертираат средства од реалниот во дигиталниот свет.

Според самиот Данон неговата компанија нема конкуренти од Израел, а големите компании кои имаат сличен производ, се „Amazon“ во САД и „Alibaba“ во Кина.

„Она што ние го правиме е да ја земеме технологијата и да ја направиме универзално достапна, бидејќи не сите ги имаат ресурсите на „Amazon“, за да создадат своја верзија. Ние му овозможување на секој бренд или трговец да ја земат нашата технологија и да ја спроведат во својот систем“, појаснува Данон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП