22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоздадени се нови модели на „Адидас“ од океански отпад

Создадени се нови модели на „Адидас“ од океански отпад

„Адидас“ креираше три нови модели за својата популарна „УлтраБуст“ колекција, што се направени од пластичен отпад пронајден во океан.

Со цел да го спречи загадувањето, „Адидас“ оствари соработка со организацијата што ја поттикнува свеста за загаденоста во светските океани „Parley for the Ocean“.

Овие модели ќе бидат во продажба од 10 мај.

Во обид да му помогне на „Адидас“ оваа година да направи милион парови „УлтраБуст“ патики од океанска пластика, „Parley for the Ocean“ настојува да го претвори отпадот во материјал што се користи за изработка на патики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП