ПочетнаКОМПАНИИШто може да купи Apple со 250 милијарди долари?

Што може да купи Apple со 250 милијарди долари?

Слободните парични средства на „Apple“ на крајот на првиот квартал од 2017-та година изнесуваат 256.8 милијарди долари. Тоа е околу 10 милијарди долари повеќе во однос на крајот на минатата година.

Што сепак може да купи технолошката компанија со овие пари?

Аналитичарите на „Citibank“ потенцираа 7 компании, кои имаат најголема веројатност да бидат купени од „Apple“.

Како најголеми во предвид се шансите за купување на „Netflix“, проценети од 40%, додека коефициентот за „Disney“ е околу 25.

На 10% се оценуваат шансите за трансакции со други три компании – „Асtіvіѕіоn“, „Еlесtrоnіс Аrtѕ“, „Таkе Тwо“, додека „Tesla“ е со 5%, според аналитичарите.

Денес, околу 90 отсто од слободните парични средства на „Apple“ се чуваат во странство.

Ако администрацијата на Доналд Трамп го исполни ветувањето и им овозможи на фирмите да ги вратат парите во САД со еднократен данок од 10%, наспроти 35% во моментов, тоа ќе значи дека „Apple“ ќе располага со околу 231 милијарди долари.

Шансите според аналитичарите се највисоки за „Netflix“, бидејќи компанијата е проценета на 68 милијарди долари. Капитализацијата на „Disney“ веќе е 175 милијарди долари, што ја прави трансакцијата тешка за остварување.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП