10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley ќе предложи уште 3 верзии на Bentayga

Bentley ќе предложи уште 3 верзии на Bentayga

Суперлуксузниот „Bentley Bentayga“ во моментов е најмоќниот, најбрзиот и најскапиот сериски кросовер во светот. Конкурентите сепак не спијат, па прават се да го одземат лидерството на Британците. Но ниту тие не планираат да отстапуваат и подготвуваат уште 3 верзии на моделот, со цел да ги заштитат неговите позиции.

Според извршниот директор на „Bentley“ – Волфганг Дојрхајмер, претставувањето на нови модификации на даден модел е особено важно за клиентите на марката. Во интервју за „Autocar“ топ-менаџерот откри дел од намерите за развојот на теренецот.

Една од најновите верзии на „Bentayga“ ќе биде крос-купе, бидејќи слични модификации продолжуваат да стекнуваат популарност. Предвидено е уште поекстремна верзија, која ќе го добие додатокот „GT3 R“ – по аналогија со спортската варијанта на луксузното купе „Bentley Continental“.

Појавата на нови модификации на „Bentayga“ произлегува претежно од претстојното излегување на потенцијалните конкуренти „Lamborghini Urus“ и теренецот на „Rolls-Royce“. Во овој сегмент клиентите секогаш го бараат најновото и најскапото, затоа моделот на „Bentley“ треба секогаш да е актуелен.

Третата модификација на кросоверот ќе биде хибрид, кој всушност ќе се појави најрано – уште во 2018-та година, а останатите две верзии ќе излезат на пазарот најрано во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП