4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Erste Group 262,2 мил евра, скокнаа и расходите

Добивката на Erste Group 262,2 мил евра, скокнаа и расходите

Австриската „Erste Group“ во првиот квартал од 2017 година остварила нето добивка од 262,2 милиони евра, соопшти оваа банкарска институција со седиште во Виена.

Вкупниот капитал без инструменти на дополнителниот основен капитал е зголемен на 16,4 милијарди евра, се наведува во соопштението.

Оперативниот приход останал речиси непроменет на ниво од речиси 1,62 милијарди евра.

И покрај растот на кредитната активност, нето приходот од каматата на „Erste Group“ опаднал во извештајниот квартал за 3,7 проценти во однос на истиот лански квартал, на 1,05 милијарди евра, главно поради нискиот приход од каматата од портфолиото на државните обврзници и нискиот „unwinding“ ефект.

Нето приходот од надоместоци и провизии изнесувал 457,7 милиони евра и е поголем за 3,3 проценти во однос на споредбениот период минатата година.

Општите административни расходи се зголемени за 0,9 проценти, на 1,02 милијарди евра, што главно се препишува на повисоките расходи од 571,7 милиони евра.

Во склад со тоа, оперативните резултати опаднале на 599,2 милиони, односно за 3,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП