4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТест на првиот „Made in China“ патнички авион „C919“, сериозен конкурент на...

Тест на првиот „Made in China“ патнички авион „C919“, сериозен конкурент на Ербас и Боинг

Првиот голем кинески патнички авион тргна во петок на првиот пробен лет, што е симболична пресвртница за остварување на долгорочната цел на Кина, да влезе на пазарот на производители на кој доминираат компаниите од Западот.

Кина очекува дека „C919“ ќе биде конкурент на „ербас А320“ и „боинг 737“. Авионот првично требаше да полета во 2014 година, а е испорачан на купувачите во 2016 година, но роковите беа поместени поради проблеми во производството.

Доколку пробниот лет помине добро, државната Комерцијална авионска корпорација на Кина (Комак) ќе побара сертификат од државната служба за цивилна авијација и од странските регулатори пред да почне да ги испорачува леталата.

Производителот планира да прави два авиона годишно до 2019 година, кога би ја добил потврдата за безбедност, а потоа може да почне масовното производство.

Комак соопшти дека има 570 нарачки, главно од кинески компании во државна сопственост. Новиот „C919“ сакаат да го купат и 23 компании ширум светот.

Авионот има од 155 до 175 седишта, а стандардно растојание на кое лета му е 4.075 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП