4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas расте и гледа се повеќе можности за себе во Кина и...

Adidas расте и гледа се повеќе можности за себе во Кина и Северна Америка

Производителот на спортска облека „Adidas“ забележа повисока добивка од очекуваната, благодарение на растот на онлајн трговијата и подоброто претставување на неговиот бизнис во Северна Америка и Кина. Сепак, главниот извршен директор смета дека компанијата се уште има „огромни можности“ пред себе кога станува збор за овие два пазари.

„Имавме три одлични години во САД и имаме долг пат пред нас“, коментира Каспер Рорстед, извршен директор на „Adidas“. „Во моментов освојуваме пазарен удел и ги градиме клучните франшизи, а цените ни се соодветни, но треба да се увериме дека ќе го задржиме овој силен раст и во наредните квартали, во што јас сум многу убеден“.

Во првиот квартал нето добивка на компанијата се зголеми за 30 проценти до 455 милиони евра, додека приходите од продажба достигнаа 5,67 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа сумите да достигнат соодветно 421 милиони евра и 5,4 милијарди евра според „Ројтерс“.

„Adidas“ ја потврди прогнозата за 2017-та година, дека очекува растот на продажбата да биде помеѓу 11 и 13%.

Извештајот откри дека брендот „Reebok“ ужива позитивни резултати. Неговата продажба порасна за 13% во кварталот, но извршниот директор тврди дека се уште е „премногу рано“ да се каже дека Брендот се враќа кон успехот. За да се постигне тоа, „Adidas“ веќе започна неколку иницијативи, па да го охрабри „Reebok“, вклучувајќи работа со точните трговци и експанзија на онлајн канали.

Приходите од е-трговијата во првиот квартал пак скокнаа за цели 52%, а според зборовите на Рорстед компанијата ќе продолжи да инвестира значително во дигиталните канали, со цел да даде поттик на побарувачката. Во март „Adidas“ изјави дека нејзините приходи од трговијата достигнаа 1 милијарда евра, а компанијата се надева дека сумата ќе достигне 4 милијарди евра до 2020-та година.

Иако „Adidas“ ужива раст на приходите на речиси сите свои пазари, најголем успех таа постигна во Северна Америка и Кина, а во двата региона растот е околу 30%. Во Русија приходите од продажба се намалија за 10%, што компанијата го придава на затворањето на продавници и предизвиците поврзани со потрошувачките желби во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП