27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.05.2017

Дневен хороскоп 05.05.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Колку и да имате желба за нов почеток, ова не е добар момент за промени. Финансиите се периодични. Вашиот немирен дух ве вовлекува во опасни емотивни води. Размислете пред било каква авантура.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате да ја промените работата. Имате поддршка од доверлив соработник за се што ќе посакате. Финансиската ситуација ви е стабилна. Често мечтаете, и пропуштате да се завртите околу себе и можеби да го здогледате она за што чезнеете. Можна е мигрена.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Уживате во пофалбите кои ги добивате во деловното опкружување. Сепак, нема да бидете адекватно платени за својата работа и тоа може да ви го расипе расположението. Не сте објективни, партнерот тоа нема да го толерира.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се предомислувате кога станува збор за одлуките. Чувајте се од можни грешки. Направете распоред и насочете се. Добра финансиска ситуација. Многу површни врски и флертови, а и понатака се чувствувате осамено.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Способни сте да ги реализирате своите идеи. Посакувате пофалби. Ви недостасуваат пари. Односот со партнерот ве збунува, исполнет е со сарказам и кавги.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Понудата за деловно патување немојте да ја одбиете. Тој краток пат може да ви помогне објективно да ја согледате својата ситуација. Финансиите се добри, но вие премногу трошите. Сакате промена на емотивен план иако се уште сте во врска. Добро се чувствувате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денешниот ден ќе ви биде исполнет со среќа. Пријателите и роднините ќе ве израдуваат со некоја убава вест која кај вас ќе пробуди длабоки емоции. Периодот е поволен за преземање на поголеми обврски на работното место.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве исцрпува тоа што вашата работа останува незабележана. Морате да научите подобро да ја проценувате деловната ситуација, парите не доаѓаат со очекуваниот тек. Многу флертови, но сепак ништо вредно и интересно за ваш вкус.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Влезот во нови деловни активности може да ве мотивира на добра заработка. Имате среќа. Односот со партнерот е исклучително добар, убаво е да се биде заљубен и после толку време.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

На работа доаѓа подобар период. Доколку имате партнер, му наоѓате илјада маани и тоа не го задржувате само за себе. Ако наскоро не го пофалите, ќе останете сами. Ве оптеретува висок крвен притисок.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Премногу сте се опуштиле и ништо не ви се работи. Се чини дека го користите интелектот само кога планирате нови работи. Имате лоши навики кои ви одвлекуваат многу пари. Односот со партнерот е многу убав, весел и романтичен. Ви недостасува енергија.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП